Во недела Лајка организира забава кај Школка: Дојдете маскирани со својот миленик!

ЈП Лајка ве поканува на добра забава со маски за нашите и ваши крзнени пријатели!

- Облечете го вашето домашно милениче во неговиот најатрактивен костим, не заборавајте да се маскирате и вие и дојдете на маскенбалот на ЈП Лајка на Школка во Градски Парк на 14. април во 12 часот. Ќе избираме најдобро маскирано куче и најдобро маскирани сопственик и куче, а за најдобрите и најинвентивни учесници нашите спонзори обезбедија возбудливи и вредни награди, информираат од Лајка.

Како и сите настани на ЈП Лајка и овој има за цел да го насочи вниманието на важноста на посвојувањето на бездомно куче. - Без разлика дали сте искусен сопственик на домашно милениче или размислувате да додадете миленик во вашето семејство, овој настан е за вас! - додаваат од Лајка.