Грчева за скопскиот Аквадукт: СДС имаше во програмата за култура, негова реставрација. Ништо од тоа!

Група ентузијасти деновиве организираа еко-акција за чистење на Скопскиот Аквадукт.

За ова место во околината на Скопје, кое неправдано е запоставено од надлежните, се огласи и професорката и политичарка Солза Грчева. 

- Вака изгледа во Скопје римскиот аквадукт. Наместо атракција за туристите и за нас, рушевина сред буниште. СДС имаше во програмата за култура, негова реставрација. Ништо од тоа!, порача таа во објава на својот фејсбук профил. 

- Важно ветуваат иднина, а систематски ни ја бришат историјата и историското наследство. На 8-ми ќе си одат и самите тие во историја, констатираше таа во својата објава алудирајќи на СДСМ.