Што посакаа скопјани за градот во Новата година?

Почист град, побезбедни улици, повеќе зеленило во македонската метропола - ова се главните новогодишни желби за Скопје!

Во нашата „Тема за дилема“ го поставивме прашањето за новогодишните желби на скопјани за градот во кој живеат и работат.

Идеите и посакувањата на повеќето се исти. Повеќе паркови, зеленило, почист водух, почист град, повеќе сообраќајна култура! И со право, бидејќи правото на чист воздухот е елементарно право клучно за здравјето, а сообраќајната култура значи поголема безбедност за нас и нашите деца.

Еве ги ставовите на скопјани, кои и овој пат, не пропуштија да ја прозват првата жена на градот Данела Арсовска, да се потруди за поквалитетен живот во градот.

Јавен превоз, подобра и побрза изградба на патната инфраструктура, нови места за култура и рекреација...

- Скопје има јавен транспорт како на село? И во село има на секој час автобус, а тука треба да се чека до 2 часови.

- Се фалат со мега паркови, а градот е мега депонија. Смет на секој чекор. Да се надеваме дека во новата година тоа ќе се промени.

- Откога разбравме за замислите со идните мега паркови, дали нешто испланиравте вие од Град Скопје за единствениот Луна парк или и тој ја има истата судбина како Универзална сала.

- Мостот Беласица шест месеци ви е полузатворен за менување цефки. Не дај Боже да требаше да го санирате, со ова темпо шеесет години ќе ви требаа.

- Кантите полни со ѓубре, уште се на улица. Вака е со месеци. Ако се погоди празник, тогаш може и една недела и повеќе. Ова е само дел. Има многу за критика. Украсувањето е само една ситница во однос на она што не се сработи.

Една скопјанка има малку поинаква желба за Скопје!

-Да се иселат сите провинцијалци од Скопје, напиша таа.