(ВИДЕО) Лајка спаси далматинец кој падна во Вардар

Несекојдневна спасувачка мисија на тимот на ЈП Лајка!

Ксако што објавија оттаму, нивните херои - ветеринари и заловувачи и овој пат во спасувачка акција, откако викендов беше пријавено и лоцирано куче од расата Далматинец паднато во реката Вардар, уплашено, исцрпено и во целосно безизлезна ситуација.

- Благодарение на брзата и успешна интервенција, кучето беше извлечено на брегот и згрижено во прифатилиштето, се до пронаоѓањето на сопствениците. Некогаш е прашање на миг дали животното ќе загине или преживее. Во различни околности, доаѓа до различни завршници, затоа јавно упатуваме апел до сите сопственици на миленици секогаш да внимаваат на своите кучиња, да не ги пуштаат да шетаат без контрола и бидат пример за одговорно сопствеништво, велат од Лајка од каде споделија и видео од спасувачката акција.