Скопјани ги споделија желбите, на потег е Град Скопје

Чист воздух,помалку партиски препукувања, вело патеки, пешачка зона во центарот на Скопје, бесплатен јавен превоз, повеќе зеленило, помалку бетон... се неколку од желбите на скопјани кои ги споделија во рамки на „Елка на желби до Град Скопје“ - иницијатва на Зелен Хуман Град. 

-Со помош на ова елка, вие ги испраќате вашите желби до Градот за што сакате да видите од таа институција во 2023 година. Потоа ние како ваши претставници во Советот, ќе купиме вистинска елка, ќе ја накитиме со вашите поднесени желби и ќе ја доставиме со Советот на следната седница. На тој начин директно ќе ги претставиме вашите желби кон градските власти, сектори и советници и сектори, соопштија од ЗХГ. 

Над 50 желби споделија граѓаните, а ова се дел од нив: