Зелен Хуман Град ја претстави „Елка на желби до Град Скопје“

 Која е твојата желба за 2023 година од Градот? Што сакаш да направи тој за тебе?

Скопјани, ова е можност да ги кажете вашите желби до Град Скопје!

-Веруваме дека институциите треба да се отворени и на секој можен начин да ги слушаат желбите на граѓаните, посебно кога станува збор за формирање на буџети и планови за работа. Затоа, покрај подеталната платформа за идеи МојГрад, ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД оваа година ја претставува дигиталната (а потоа и реална) „Елка на желби до Град Скопје“!

- Со помош на ова елка, вие ги испраќате вашите желби до Градот за што сакате да видите од таа институција во 2023 година. Потоа ние како ваши претставници во Советот, ќе купиме вистинска елка, ќе ја накитиме со вашите поднесени желби и ќе ја доставиме со Советот на следната седница. На тој начин директно ќе ги претставиме вашите желби кон градските власти, сектори и советници и сектори, порачуваат од ЗХГ. 

Вашата желба може да ја споделите на следниов линк