Ако се работело на проблематиката, зошто лани сме имале 5.600 предвремени смртни случаи од аерозагадување - праша советникот Јовановски

На последната седница на Советот на Град Скопје, иницијативата Зелен Хуман Град поднесе иницијатива и предлог одлука за мерки кои треба да го заштитат квалитетот на воздухот во Скопје, а точката беше усвоена со поддршка од советниците на Левица, ВМРО-ДПМНЕ, ЛДП и неколку советници од останатите групи.

- Имаше големо противење од претставници на Град Скопје, дека советници не можеле да поднесуваат одлуки, и дека се работело веќе на проблематиката. Ако не може да поднесуваме одлуки, што е нашата улога? Да молиме градоначаник да поднесе, и ако тоа не се случи, да седиме мирно? Ако се работело на проблематиката, зошто лани сме имале 5600 предвремени смртни случаи од аерозагадување? Дополнителен шок беше дека тендерот за набавка на ISO сертифицирани мерни станици од Град Скопје за кои ЗХГ обезбеди буџет, е прекинат без никаква причина. Компостари нема, инспектори едвај има неколку, проектите заглавени, рече во својот говор Горјан Јовановски, советник од ЗХГ. 

- Сега остануваа овие предлози да се имплементираат од Градоначалничката, или ако навистина се осмелат, да ги одбијат и поништат како што знаеле да направат и претходно, вели Јовановски.