Лајка: Рекорден број на стерилизирани кучиња за месец октомври

Во месец октомври во ЈП Лајка беа стерилизирани и кастрирани 134 кучиња, од кои 82 женки и 52 мажјаци, а беа вдомени 37 кучиња, информираат од претпријатието. 

Со овие спроведени кастрации и стерилизации сме превенирале разможување на 134 кучиња, односно на 134 здрави репродуктивни единки. Со тоа се намалува стапката на бездомни кучиња на улиците, ЈП Лајка продолжува да работи во служба на граѓаните.
 Ги охрабруваме граѓаните да пријават бездомно куче за стерилизација/кастрација во ЈП Лајка, на меил info@lajka.com.mk или на нашите телефонски бреови 02/2 56 58 59  и 071/219-925, велат од Лајка.