Една искрена прегратка може да има силно влијание на нашето тело

Една искрена прегратка од драг пријател или партнер може да има силно влијание на нашето тело. Исто како смеењето, научниците откриле дека и прегратката може да ни донесе поволности.

Истражувањата покажуваат дека прегратката дури може и да помогне при лечењето на различни физички болести, како и да го ублажи чувството на осаменост, депресија, анксиозност и стрес.

Во истражувањето спроведено на Универзитетот во Северна Каролина, истражувачите откриле дека прегратката го зголемува нивото на окситоцинот и го намалува ризикот од срцев удар, го намалува крвниот притисок и нивото на стрес.

Предностите на прегратката

Луѓето се социјални битија, а за тоа сведочат и многу истражувања покажуваат дека луѓето кои оддржуваат блиски пријателски и љубовни врски се психички и физички поздрави.

Истражувањата покажуваат дека искрената прегратка, кога две срца се притиснати едно до друго, ги имаат овие предности:

Прегратката гради доверба и чувство на сигурност. Тоа помага при отворената и искрената комуникација.

Долгите прегратки го подигнуваат нивото на серотонин, хормонот одговорен за добро расположение и општото чувство на среќа.

Прегратката го зацврстува имунитетот.

Прегратката ги опушта мускулите и напнатоста во телото. Прегратката може да ја ублажи болката.

Добрата прегратка го намалува нивото на кортизолот, хормонот кој го регулира стресот.

Прегратката може инстантно да го поправи нашето расположение.

Прегратката е потполно бесплатна!