Молчењето и прегратката понекогаш кажуваат повеќе од милион зборови...

Колку пати сте имале проблеми сами со себеси, а кога ќе сте одлучеле да го споделите тоа со другите, тие веднаш ви кажувале дека сето тоа ви е во главата?

Колку пати вие сте биле тие кои тоа го рекле на некој друг?

Навистина, сето тоа е во нашата глава, но и главата понекогаш се пореметува, се распаѓа (метафорички) на милион парчиња... Се рони како и ‘рскавицата во зглобот, се тегне како напукнат лигамент кој се истегнува поради голем напор, се гребе како парче кожа кога човек ќе падне на тротоар. Се крши како нокт кој не е добро залепен, се распаѓа како црниот дроб кој со години е уништуван од алкохол.

Се распаѓа, но може да заздрави, исто како и ‘ркавицата, лигаментите, кожата, ноктот, па и црниот дроб ако навреме се реагира. 

Во таа распадната глава се борат неколку личности, внатре свират милион труби, трубат толку гласно што човек ја чувствува болката до изнемоштеност, а мирната положба на телото речиси е невозможна. 

Истата таа глава ја произведува болката околу срцето, загриженост, создава мачнина, ја суши устата и го прави дишењето поплитко и сонот понемирен. 

Ти ја уништува самодовербата, ги зацрнува мислите, врти неки грди слики. Те потсеќа на некои лоши работи, лоши вести и лоши луѓе. Те руши, ги вади солзите на површина, не се грижи за изгледот, а се плаши од сѐ. 

И за време на сето ова, луѓетот ретко кому се обраќаат. Мислат дека не се нормални, се затвораат во себе, а кога ќе одлучат ја споделат својата тага и немоќ, често добиваат коментари од типот: „Сето тоа ти е во главата, опушти се малку... јас знам како ти е. На други луѓе им е многу полошо...“

Ќе ви дадам еден и единствен совет: Никогаш немојте да им го кажувате тоа на луѓе кои имаат какви било проблеми со менталното здравје. Нема да им помогнете, напротив!

Молкот и прегратката понекогаш кажуваат повеќе од милион зборови.

Да бидеме здрави - физички, но и ментално.