Прегрнете го светот...

Секое утро, кога ќе станам од кревет, прво застанувам на нозе, а потоа го прегрнувам светот.

И го прергнувам силно секое битие на овој свет. Ги прегрнувам и добрите и лошите, сите сме еднакви. Им праќам безусловна љубов. Добрите ги прегрнувам за да им биде уште подобро, а лошите ги прегрнувам за да почувствуваат љубов, затоа што знам дека тоа е она што највеќе им недостасува. 

И замислувам како сите ние често танцуваме на ливада преполна со цвеќиња и сите се држиме за раце и се сакаме. И тогаш исчезнуваат сите груби зборови и исчезнува секоја болка која меѓусебно си ја нанесуваме. И тогаш не е важно во која насока ќе ја свртиш главата, затоа што и лево и десно од тебе има љубов и на секоја страна те дочекува насмевка. 

И така и вас ве прегрнувам и ве сакам, со цело срце ви испраќам љубов и те прегрнувам тебе, исто како и себе, најмногу што можам. 

Секоја единка на овој свет е важна и токму затоа толку силно ве прегрнувам, иако вие не сте ни свесни за тоа.