Мудри зборови кои ќе ви дадат сила да продолжите понатаму...
Изреката „Како зрачиш, така привлекуваш“ многу пати се покажала како точна. Размислете добро и ќе сфатите дека кога сте биле добро расположени секогаш ви се случувале убави работи и обратно.
За да ви биде исполнет животот со среќа, самата желба не е доволна. Треба да го промените самиот начин на размислување. Негативните мисли се како плевел и ќе бидат тука додека не „ги искубете“, сѐ до една.
Меѓутоа, не постои совршен живот, на сите нас понекогаш ни се случува сите бродови да ни потонат и ништо да не ни оди од рака. И загубите се составен дел од животот и се сосема нормални. Затоа кога ќе помислите дека немате сила да продолжите понатаму, внимателно прочитајте ги овие зборови:
Нема успеси без падови
Животот е прилично сложен и тоа правило важи апсолутно за сите нас. Дури и многу успешни и познати луѓе имаат исти проблеми како и сите останати иако кога ги гледаме нивните фотографии во списанијата, ќе помислиме: „Еве некој кој нема на што да се жали“.
Запамтете, сите еднакво патиме. Едниствената разлика е што некој непрестано се жали, додека некој ја крие својата болка.
Дури и кога проблемите и незгодите ќе ви паднат на грб без најава и понатаму постои зрнце од нешто убаво. Во тој случај променете ја перспективата и начинот на кој ја гледате ситуацијата. Не очајувајте, туку добро размислете како можете да го решите проблемот.
Некои луѓе не се тука да останат засекогаш и тоа е ок
Кога најдобриот пријател, член на семејството или партнерот ќе ве издаде, без објаснување, не очајувајте. Јасно е дека првиот момент ќе патите и ќе помислите како повеќе никому не можеш да му веруваш, но размислете уште еднаш. Ово не е ништо друго туку добра животна лекција. Некои луѓе се пратени во нашиот живот малку да нѐ размрдаат, да ни ги отворат очите и да нѐ научат да бидеме повнимателни.
Минатото не може да се промени
Остра животна вистина: минатото засекогаш ќе остане такво какво што е. Но тоа воопшто не значи дека тоа ја одредува нашата иднина. Тоа што сте се заплатекале или не сте успеале не значи дека засекогаш ќе биде така и никако поинаку. Ние само го бираме својот животен пат. Животот можете да го промените, ако тоа го сакате, и тоа уште истиов момент.
Сѐ во животот поминува, па и ова ќе помине
Сѐ во животот е привремено. Темнината на ноќта, свежината на утрата, приквечерината. Дожот порано или подоцна ќе престане да паѓа. Раните ќе зацелат. Ништо не е вечно. Потребно е само малку трпение и резултатите сами ќе дојдат.
Запаметете: Ако сѐ уште не сте таму каде што сакате да бидете, тогаш тоа не е крај!
Благодарноста е клуч
Дури и кога ви се чини дека сѐ оди на лошо, бидете благодарни. Колку и да звучи чудно, започнете го денот со благодарност.
Самиот факт дека сте се разбудиле во еден нов прекрасен ден, за разлика од многумина кои не го дочекале, нека ве поттикне да бидете благодарни што сте здрави и што можете без проблем да се движите и да функционирате. Бидете благодарни што вашите сакани се живи и здрави. Бидете благодарни за животот! Да, само за животот! Затоа што е убав!
Најлесниот и најдобриот начин да се решите од негативните мисли е да ѝ се заблагодарите на судбината за сите оние работи кои ги имате. И тоа правете го секој ден!
За сѐ што е убаво во животот потребно е време
Сѐ одеднаш има само во бајките и во ефтините сапуници. Во животот убавите работи бараат време, понекогаш тоа се месеци, па дури и години.
Тоа што не сте успеале во истата секунда не значи дека никогаш нема да успеете. За да стигнете до врвот потребно е многу труд, работа и трпение. Ова е една формула за успех и мудар пристап кон животот.
Негативноста никому ништо добро не донесла
За животот да биде исполнет со среќа, самата желба не е доволна. Морате да го промените својот начин на размислување. Затоа, секогаш размислувајте позитивно. Избркајте ја негативноста и сѐ што ве влече на дното. Секогаш размислувајте за добро, и тоа ќе дојде.