Прегратка: Најубавиот подарок кој можете да им го дадете на другите

Сигурно уживате кога некој ќе ве прегрне, но дали знаете како прегратките влијаат на нашето здравје и расположение? 

Ова се неколку факти за прегратките.

  1. Најголем дел од луѓето се прегрнуваат подигнувајќи ја десната рака.

  2. Искрените прегратки го стимулираат нервниот систем, го намалуваат чувството на осаменост и страв, ја подигнуваат самодовербата и ја намалуваат тензијата.

  3. Тие го намалуваат крвниот притисок. Хормоните кои се лачат за време на прегратките не влијаат само на расположението, туку и на физичката состојба на организмот. 

  4. Со лачење на окситоцинот кој се активира за време на прегратките, телото успешно се бори против инфекциите.

  5. Прегратките, како и љубењето го намалуваат чувството на болка.

  6. Децата кои често се прегрнувани стануваат возрасни луѓе кои помалку ги погодува стресот.

  7. За да имаат ефект на нас, треба да траат 7 секунди.