Yahoo дава препорака да ги посетите Скопје и Македонија

Во еден од своите текстови за патување и туризам yahoo објавува статија во која дава препорака да ги посетите Скопје и Македонија.

Во статијата се вели дека Скопје е град кој што сеуште е во фаза на градба, но и покрај тоа е прекрасен за посета. Тука може да уживате во убавата архитектура, да ја посетите старата скопска чаршија и да вкусите од убавата кујна.

Од вкусни храна препорачуваат задолжително да пробате пастрамајлија која што може да најдете за само 3 долари. Велат тоа е специјалитет со тесто, вкусно место, јајца и сирење.

На крајот завршуваат со еден интересен факт е дека Македонија е единствена земја од поранешна Југославија која својата независност ја добила на мирен пат.