Фото: Новата зграда на ЕЛЕМ го добива финалниот лик

На местото на некогашниот парк на улица „Македонија“ во центарот на Скопје, во моментов се привршуваат работите  на објектот во класицистички архитектонски стил во склад со владиниот проект „Скопје 2014“. Канцеларискиот простор за оваа државна компанија се изведува веќе две и пол година и досега се потрошија преку 14,6 милиони евра. Австриската компанија „Штрабаг АГ“ се јавува како изведувач на проектот. 

Градежните работи за изведба на архитектонската идеја на авторите Лазар Димов, Жарко Чаушевски и Стефан Смилевски е планирано да продолжат и во наредниот период.

Предвидено е државната компанија ЕЛЕМ да се смести во административен простор од 9.130 метри квадратни. Проектната документација ја изработи „Неимар Инженеринг“, а надзорот над изведбените работи го врши Градежниот институт „Македонија“.