Веќе неколку денови Скопје не е помеѓу најзагадените градови во светот

И покрај маглата што е секојдневна појава во овој период од годината а која може да се забележи и на камерите кои се поставени на Водно, веќе неколку дена жителите на главниот град дишат чист воздух. Ова се должи на временските услови каде во последнава недела имаме ветер, а на моменти и дожд. Ако може да се забележи на светски познатиот сајт waqi.info речиси сите мерни единици во Скопје покажуваа дека воздухот во главниот град споредбено со она што беше од претходно е далеку поквалитетен ако се земе во предвид дека речиси 20 дена во контиунитет граѓаните дишеа екстремно загаден воздух.

И другиот сајт за мерење на воздухот iqair покажува на интересна работа кога е во прашање рангирањето на градовите низ светот по загаденост. Денеска Скопје не е ниту помеѓу првите 50 градови во светот по загаденост, што значи дека во период од само 1 недела имаме подобрување ако се знае дека до пред некое време не можевме да мрднеме од првите 10 места во светски рамки.

И во наредната недела се очекува воздухот да го задржи иститот квалитет со оглед дека се најавени врнежи од понеделник.