Скопје помеѓу топ 20 најзагадени градови во светот

Скопје повторно се појави во групата на 20-те најзагадени градови во светот. Пред нас е се Сараево, БиХ и по малку изненадувачки Милано, Италија. За разлика од пред некој месец сега загаденоста на воздухот е “поднослива“. Го нема она карактеристично штипење на или смрдеата што речиси 20 дена без прекин се ширеше во Скопје.

Од она што може да се забележи од камерите на Водно а се насочени кон главниот град ја нема повеќе ниту маглата. Но да не се залажуваме, не помогнаа мерките што надлежните секојпат кога има загаденост ни викаат дека стапуваат на сила, или пак акционите планови што се најавуваат. Ни помогна времето, најпрво со дожд, што речиси секојдневно паѓаше изминатиов период, а после и ветрот што дува во последно време.

Како што може да се забележи скопските населби Кисела Вода и Гази Баба се најзагадените точки моментално во градот, со идекс на загаденост од 146 и 127,  додека во централното подрачје таа загаденост е значително помала. Најмалку загадено е во скопската населба Карпош каде индексот на загаденос изнесува 37, додека во Македонија во моментов најзагаден град е Струмица со индекс на загаденост од над 180.