Денес Скопје не е помеѓу топ 10 најзагадени градови во светот, на 13-то место е

Денес Скопје не е помеѓу топ 10 најзагадени градови во светот. Според светските сајтови кои ја следат загаденоста на воздухот па и според подобниот сајт на градоначалничката Арсовска денес главниот град е на 13-тото место. Друштво ни прават градови од Индија, Бангладеш, Гана, Авганистан. Она што е карактеристично што и со ваков “ранкинг“ во дури топ 25 градови нема ниту еден град од Европа.

Од она што може да се забележи и од камерите кои се поставени на Водно со поглед накај Скопје, ја нема вообичаена магла која беше карактеристична за утринските часови.

Како што спомнавме многупати досега ова не се должи на мерките превземени од институциите туку ова е поради временските услови. Во меѓувреме скопјани можат да уживаат на релативното топло време за овој период од годината каде се очекува температурите да достигнат дури 17 степени. Вистинска пролет ама во зима.