До недела ладно и суво време од понеделник дожд

До недела ќе се задржи стабилното и суво време со ниски температури. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од северен правец. Веќе од понеделник и вторник ќе има зголемување на облачноста со локално врнежи известуваат од УХМР.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од -10 до -3, а максималната од 1 до 8 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 3 степени.