Не можете да заспиете? Пробајте јога за добар сон

Веројатно сте пробале мелатонин или магнезиум, или пак длабоко дишење пред да се потрудите во длабок сон, но ви изгледа како ништо да не помага.

Photo by Dane Wetton on Unsplash

Продолжувате да се вртите и не можете да заспиете?

Експертите советуваат јога пред спиење. Тоа се должи  на бенефитите на јогата да го релаксираме телото и умот. Јогата докажано го подобрува спиењето, бидејќи таа овозможува совршен баланс меѓу телото и умот, а често не можеме да заспиеме затоа што не можеме да ги смириме мислите. 

Едно истражување кое е спроведено во 2013 година, а во кое биле вклучени учесници на возраст од 65 години и повеќе докажало значително подобар квалитет на сонот. 

Но, што ја прави јогата толку ефективна?

Намалување на стресот

Како што знаеме, стресот е голем фактор кога станува збор за самото заспивање, но и квалитетот на сонот во текот на ноќта. Јогата докажано го намалува стресот со тоа што го смирува нервниот систем, а тоа е значајно за добар сон во текот на ноќта. Лесните јога движења пред спиење му помагаат на телото да излезе од состојбата на стресот и да се смири, а со тоа и да се подготви за добар сон.

Намалување на болката

Комбинацијата на движење и дишење придонесува за намалување на болката во телото. Јога позициите придонесуваат за истегнување на мускулите, што помага да се чувствувате подобро по секоја активност. Треба да знаеме дека лошото седење и лошата состојба на мускулите додаваат на емоционалниот стрес, а тоа не ни помага добро да спиеме.

Редовна рутина

Самото вежбање на лесна активност како јогата му испраќа на телото сигнал дека наместо да гледаме тв серија или да седиме долго на телефонот, градиме здрава навика која е добра за телото и умот. 

Но, која јога е најдобра за нас пред спиење?

Иако за секој од нас различни видови јога се добри базирано на нашиот карактер, сепак пред спиење се препорачуваат лесни активности како јин или ресторативна јога кои се нежни за нашето тело и не нè преоптовауваат. Тие нудат мноштво физички и ментални придобивки, вклучувајќи и позитивно влијание на срцевиот ритам, крвниот притисок, дишењето, варењето на храната, менталната состојба, заморот и болката.