Сите сме свесни колку е важна физичката активност за одржување на здравјето.
Photo by Kaylee Garrett on Unsplash
Но, што се случува со нашиот мозок?
Стимулација на крвта во мозокот
Физичката активност го поттикнува лачењето на суптанци од крвните садови, што придонесува за подобрување, односно зголемување на циркулацијата на крвта во мозокот, а со самото тоа и повисоко ниво на кислород. Така се подобрува здравјето и функционирањето на мозокот. Истражувањата дополнително посочуваат дека физичката активност ги подобрува когнитивните перформанси.
Се поттикнува неврогенезата
Трчањето во паркот е само што придонесува за подобрена циркулација на крвта и снабдување на мозокот со кислород, туку носи и дополнителни придобивки за нашиот мозок. Докажано е дека физичката активност придонесува за нови неврони во хипокампусот, дел од мозокот кој е одговорен за учење и паметење. Освен тоа, физичката активност придонесува и за превенција на невродегенеративни болести, како што е деменција.
Photo by Stephanie Greene on Unsplash
Развој на сивата маса
Редовната физичка активност е исто така поврзана и со подобрено внимание, концентрација и способност за решавање на проблемите. Тоа придонесува и за зголемување на сивата материја во предниот дел на мозокот, кој е одговорен за внимание, концентрација и критичко размислување.
Се лачат ендорфини
Докторите потврдуваат дека вежбањето го стимулира ослободувањето на ендорфин во мозокот, што придонесува за чувство на среќа. Ако имате навика да се занимавате со спорт, веројатно го забележувате тоа убаво чувство на среќа и исполнетост веднаш по тренингот.