Можеби на некои ќе им делува чудно оваа вежба, но таа е навистина корисна за вашето здравје.
Оваа вежба нема да влијае на вашиот изглед и нема да ви помогне да изгубите килограми, но ќе ви помогне подобро да се чувствувате, и физички и психички, што исто така е важно.
Пет корисни ефекти од оваа вежба:
Го намалува отокот во нозете.
Го отстранува синдромот на уморни нозе.
Го подобрува варењето на храната
Го опушта нервниот систем
Придонесува кон психички мир
Како да ја правите вежбата:
Најдете мирно место и издвојте 10 минути кои ќе си ги посветите на себе. Потребно е да ги обезбедите сите услови кои ќе ви помогнат да ги затворите очите и да се одморите. Ако истовремено зборувате на телефон или праќате пораки, нема да постигнете ист ефект.
Легнете на грб, бутовите би требало да бидат 15-50 cm оддалечени од ѕидот. Свиткајте ги нозете кај колената и потпрете се со петиците на ѕидот. Доколку бутовите се наоѓаат под прав агол во однос на грбот, тогаш задникот ќе биде на правилно растојание од ѕидот.
Исправете ги нозете и потпрете ги петиците на ѕидот. Не ги виткајте нозете во колената и опуштете ги.
Ставете перница под глава (или под грбот). Така ќе ви биде поудобно. Затворете ги очите и дишете. Ставете ја едната дланка на стомак, а другата на срцето.
Бидете свесни за своето дишење. Вдишувајте броејќи до два, а издишувајте броејќи до четири. Дишете и опуштете се.
Оваа вежба нè става во состојба на медитација иако не сме ни свесни за тоа. Ќе почувствуваме како нашето тело и ум нурнуваат во мир и достигнуваат хармонија.
Со текот на времето, ако често ја практицирате вежбата, ќе забележите еден куп поволности.
Затоа немојте да чекате и почнете уште од денес!