Трик од 60 секунди: Ослободете се од болката во грбот

Нема ништо полошо од тоа кога ќе се разбудите и ќе го поминете цел ден со истата болка во грбот, зарем не? Време е да се обидете со поинаква тактика.

Како што ви е познато, експертите се сложуваат дека медијацијата дефинитивно не е нешто измислено, ниту пак е лага. Многу истражувања покажаа дека медитацијата не само што ја намалува болката во истиот момент, туку ја смалува чувствителноста на болката и на подолги патеки, смалувајќи го нивото на активност во делот на мозокот кој е заслужен за обработка на чувството за болка. 

Познато е и дека медијацијата го ублажува стресот и прави мускулите да се опуштат. Пробајте ја оваа 4-7-8 техника за дишење.

1. Седнете или легнете, како и да е, важно вам да ви е удобно во таа положба. Ставете го врвот на јазикот зад предните заби и лесно издишете го воздухот низ уста.

2. Затворете ја устата и 4 секунди лесно вдишувајте го воздухот низ нос. Потоа задржете го воздухот, додека не изброите до 7.

3. На крајот, издишете го воздухот, броејќи до 8.

Три пати повторете го овој циклус.