Одлуката за редовно вежбање често останува само мисла, идеја или писмо на хартија, а сето ова се случува поради недостаток на волја или животни навики што нѐ одвлекуваат од тоа да сакаме редовно да вежбаме.
Она што најчесто се прашуваме во моментите на неуспех и од што најмногу нè изненадува е: „Kако другите успеваат и зошто сум јас меѓу оние кои не се упорни?“. Но, она што тогаш не го разбираме е фактот дека без промени во животните навики и ставови не можеме да напредуваме и да се менуваме. Ако во 2021 година сакате да бидете дел од оние кои редовно вежбаат и за кои фитнесот не е само апстрактна идеја, следете ги навиките на жените кои успеваат.
Уживање во активностите
Нема да постигнете резултати и да бидете упорни ако се занимавате со активности што ги презирате. Вежбањето не значи само одење во теретана. Ако ова ви пречи, пронајдете што ве прави среќни. Бидете креативни – танцувањето, возење велосипед или бокс можат да бидат вашите скриени страсти. Нема да знаете додека не се обидувате и не истражувате.
Отвореност кон нови работи
Жените кои постигнуваат резултати се оние жени кои се отворени за нови работи, односно оние жени кои ќе пробаат разни активности и ќе се впуштат во разни авантури дури и кога ќе почувствуваат страв.
Редовен одмор
Ако сакате да имате силно и еластично тело и да постигнете резултати, треба редовно да одмарате. Никој не е продуктивен и силен цело време. По напорна и напорен тренинг – секогаш правете заслужена пауза.
Слушање на организмот
Жените кои се редовни и успешни во вежбањето, не му пречат на организмот со диети, забрани, но и со прејадување. Тие го слушаат своето тело, се хранат разновидно и се грижат нивното тело да добива доволно вода секој ден. Не измачувајте го вашето тело, дајте му го тоа што го бара, но без претерување.
Создавање здрава рутина
Нема резултати без навики. За да постигнете нешто и тоа да стане редовен дел од вашата недела или ден, треба да имате рутина. Направете си полесно со тоа што ќе направите распоред до кој ќе се држите.