Крвав инцидент на Бит Пазар: Едно лице е рането

Инцидент се случил вчера попладне на Бит Пазар во Скопје. 

Како што соопштија од полицијата во дневниот билтен, вчера во 17:20 часот во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека на подрачје на Бит Пазар во Скопје две лица со остар предмет нападнале друго машко лице и му нанеле убодни рани. Повредниот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а по преземени мерки било утврдено дека се работи за лицето Ф.К.(37) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.