Ученик претепал наставничка и нападнал соученици во училиште во Скопје

Ученик претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае, потврдија oд МВР за Скопје Инфо. 

Ученикот попладнево нападнал повеќе деца во училиштето на голем одмор. Кога дежурната наставничка по географија сакала да ги раздели, тој ја турнал на земја, ја удирал по глава, и го фрлил мобилниот телефон и и се заканувал. 

Наставничката добила лекарска помош од Итната помош, таа се жалела на повреди на главата и вознемиреност. Ученикот и претходно правел слични проблеми, станува збор за дете без родители и истиот е згрижен во групен дом. 

Според привичните информации, тоа е на возраст под 14 години и не може кривично да одговара. Известени се надлежните институции за социјални работи. Случајот и инцидентот се пријавени во полициската станица во Карпош.