Пукање среде бел ден во близина на поликлиниката Бит пазар, повредено едно лице

Попладнево во близина на поликлиниката Бит Пазар се случила вооружена престрелка, каде што е повредено едно лице.

“Денеска од ГОБ „Св. Наум Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека кај нив е донесен П.П. (24) со прострелна рана во ногата, а, според пријавеното, во него во близина на поликлиниката Бит Пазар во Скопје пукало едно лице“, информираат од МВР.

Повеќе детали од МВР се очекуваат во текот на денот.