Младо момче е повредено во синоќешната сообраќајка на „Партизанска“

МВР со детали за сообраќајката која се случи доцна синоќа на „Партизанска“.

- На 26.04.2024 во 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Н.(24) од Скопје удрило во бетонската жардињера. Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.