Погребан матичниот лекар Ацо Трпковски, убиецот сеуште не е пронајден

67 годишниот Ацо Трпковски – матичен лекар од поликлиниката „Железара“ кој беше пронајден избоден до смрт во својот автомобил на местото на неосветлениот паркинг во близина на работното место, вчера е погребан, но неговиот убиец и натаму не е пронајден.

Нема ниту осомничени, ниту приведени од страна на полицијата и обвинителството. Единствено е познато дека се прегледуваат видео-камерите од страна на полицијата, додоека од обвинителството ги чекаат наодите од обдукцијата.

Од надлежните институции единствениот одговор е дека „интензивно се трага“, а во меѓувреме Трпковски денеска беше погребан.

Во понеделник од 12 до 16 часот матичните лекари нема да работат во знак на протест.