Две скопјанки физички се пресметале на Бит Пазар

Вчеравечер две жени физички се пресметале на Бит Пазар. 

Како што соопшти полицијата во дневниот билтен, вчера во 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.К.(40) и А.Р.(31), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.