Две лица се уапсени за поседување на дрога на Бит Пазар

Полициски службеници при СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар веднаш после полноќ го уапсиле А.Б.(24) поради поседување марихуана. По само неколку часа во сосема друг случај на истото место, исто така од страна на припадници на СВР Скопје бил уапсен М.А.(19) од Скопје за поседување на марихуана.

Против овие две лица по документирање на двата настани ќе биде поднесена соодветна пријава.