81-годишен скопјанец каснат од улично куче во Лисиче

Три лица вчера биле каснати од улични кучиња на подрачјето на Скопје. 

- На 26.04.2024 во 20.00 часот во Полициската станица Аеродром, М.Ј.(81) од Скопје пријавил дека во нaселбата Горно Лисиче во Скопје бил каснат од куче скитник.

- На 26.04.2024 во 20.45 часот во Полициска станица Драчево, Н.Т.(40) од Скопје пријавила дека на ул.„Румена Хаџи Панзова“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

- На 26.04.2024 во 23.45 часот во Полициска станица Драчево, А.Ј.(31) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.