Колач со сладолед од карамел

Сладоледот не мора да биде само летно задоволство. 

Потребни состојки:

400 гр бисквити
80 гр несолен путер (стопен, па оставен да се олади)
1 шолја (90 гр) кокос
Прстофат сол
1,5 литар омекнат сладолед од карамел
400 мл кондензирано, слатко млеко
200 гр темно чоколадо
300 мл слатка павлака
60 мл сончогледово масло

Подготовка:

Премачкајте го тавчето со димензии 20×30 cm. Поставете хартија за печење која ќе излегува од рабовите на тавчето.

Ставете ги бисквитите во блендер и фино сомелете ги. Додадете го путерот, кокосот и прстофат сол и повторно блендирајте. Истурете ја смесата во тавчето и цврсто натапкајте ја со дното од чашка.

Истурете го омекнатиот сладолед врз првиот слој, а потоа додадете го кондензираното млеко. Измазнете ја површината со шпатула и ставете ја да се замрзне најмалку 1 час во замрзнувачот.

Стопете го чоколадото на пареа. Додадете ја слатката павлака со постојано мешање додека добро не се соедини. На крајот додадете го сончогледово масло, но полека, додека добро не се соедини. Оставете да се олади чоколадната смеса, а потоа истурете ја врз слојот од сладолед. Оставете добро да се замрзне преку ноќ.

Употребувајќи нож кој сте го поминале под врела вода, исечете парчиња од смрзнатата торта со сладолед од карамел.