Карамел-бомбици со бело чоколадо

Рецептите за бомбици може да се прилагодат на илјадници начини, а комбинацијата на бело чоколадо и карамел ќе ве освои од првото пробување. 

Состојки:

200 гр шеќер
70 гр омекнат путер
80-120 мл слатка павлака
*овие три состојки се за карамел

3 јајца
1/3 шолја масло за готвење
Половина шолја млеко
1 лажичка екстракт од ванила
180 гр брашно
Четвртина лажичка нишесте
Една лажичка печиво
Половина лажичка сода бикарбона
130 гр шеќер
Прстофат сол
150 гр бело чоколадо

Подготовка:

Прво, направете го карамелот. Во подлабок сад ставете го шеќерот и постојано мешајте на средна температура додека не добиете златнокафеава смеса.

Полека додадете го путерот и постојано мешајте. Внимавајте, додавањето на путерот ќе предизвика шеќерот да зоврие со меурчиња.

Полека додавајте ја слатката павлака во смесата и не престанувајте со мешање уште 1 минута, а потоа тргнете го тенџерето од огнот.

Оставете комплетно да се олади во фрижидерот во текот на ноќта.

На ред е цврстата смеса за бомбиците. Загрејте ја рерната на 180˚С и премачкајте кружен калап за печење со путер или ставете хартија за печење.

Прво измешајте ги течните, а потоа додадете ги тврдите состојки. Мешајте додека не добиете еднолична смеса. Префрлете ја во тавчето за печење и печете околу 40 минути. Со чепкалка проверете дали „тестото“ е печено. Оставете добро да се олади.

Додека колачот се лади, подгответе го сосот од бело чоколадо. Во огноотпорен сад ставете го белото чоколадо. Загрејте ја павлаката за готвење, а потоа истурете ја врз чоколадото, со постојано мешање.

Иситнете го колачот со раце и направете го во вид на трошки. Врз него додадете го сосот од бело чоколадо и мешајте додека не добиете хомогена смеса која не се одвојува и распаѓа.

Од тврдиот карамел одвојте мало топче со лажиче или со рацете.

Со помош на лажица за сладолед земете од смесата (колач+бел сос) и оформете поголемо топче. Во средината ставете го помалото топче од карамел.

Вака подготвените топчиња ставете ги во замрзнувач најмалку 1 час.

На крајот прелијте ги со уште малку течно бело чоколадо и декорирајте по желба.
1 шолја слатка павлака за готвење