Здрави бомбици во чиј вкус ќе уживате

Овие бомбици се здрави, но и превкусни. 

Потребни состојки:

2/3 шолји макадамија ореви, лешници или обични ореви

23 меки урми

4 лажици какао во прав 

2/3 чаши кокос плус 1 чаша за украсување

2 лажички мед, по желба

Начин на подготовка:

Ставете ги урмите малку во вода за да омекнат. Потоа додадете ги урмите во блендер, додадете ги и оревите, какаото и кокосот. 

Измешајте сè додека состојките не се залепат речиси како тесто. Не блендирајте премногу долго, само видете дали е доволно тврдо за да се формираат топчиња. Можете да го оставите и половина час во фрижидер. Ако не доволно слатко, додадете малку мед. 

Формирајте ги топчињата со раце. Извалкајте ги во кокос, или пак мелени ореви по ваша желба. 

Уживајте во вкусот.