Чоколадни палачинки полнети со крем од карамела

За оние кои сакаат префинет вкус на карамела. 

Состојки:

2 јајца
1 чаша какао во прав
3 и пол лажици путер, на собна температура
3 лажици млеко
1 лажичка екстракт од ванила
Една четвртина чаша брашно
малку сол
Една лажичка масло

Подготовка:

Во сад изматете ги јајцата и додадете го какаото. Потоа додадете ги путерот, млекото, ванилата и убаво измешајте. На крајот додадете ги брашното и солта и мешајте додека не добиете хомогена смеса без грутчиња.

Загрејте ја тавата за палачинки, намачкајте ја со масло и ставете доволно смеса за да се прекрие целиот долен дел на тавата.

Додека палачинката е сè уште топла премачкајте ја со карамел сос и сервирајте со декорација по желба.