Ова е вкусно пире, во кое лукот дава посебен вкус.
Photo by Megumi Nachev on Unsplash
Потребни состојки:
6 големи компири
4 чешниња лук
1 рамна лажица сол
250 мл млеко
3 мали парчиња путер
Начин на подготовка:
Прво излупете го компирот и ставете го да се вари со 1 лажица сол. Во него додадете го и лукот. Варете додека не почне да врие околу 20-30 минути, зависно од температурата. Потоа исцедете го компирот заедно со лукот. Излупете ги компирите и изгмечете ги добро, заедно со лукот. На крајот, проварете го млекото и со него прелијте ги компирите во голем сад. Убаво мешајте за да се соедини смесата и на крајот додадете го путерот. Убаво измешајте и додадете зачини.
На крајот добивате вкусно кремасто пире.