Се сеќавате на овој убав десерт? Колку често го подготвувате сега?
Ова е едноставен рецепт во чиј вкус сигурно ќе уживате и ќе се потсетите на спомените од детството.
Потребни состојки:
5 шолји млеко
3 шолји вода
1 шолја ориз
6 лажици шеќер или друг засладувач
1 кесичка пудинг од ванила
цимет во прав
Начин на подготовка:
Загрејте ја ринглата на средна температура, а потоа во тенџере ставете ги водата, млекото и оризот. Потоа додајте го шеќерот.
Варете околу половина час на среден оган, но внимавајте да мешате постојано. Во меѓувреме, пудингот ставете го во сад во кој ќе додадете 50 мл вода. Изматете го добро во смеса без грутки, а потоа додадете го во сварениот ориз. Варете уште 2-5 минути додека смесата не се згусне добро.
Подгответе чинии за сутлијашот, кои треба да бидат навлажнети малку со вода, пред да ја ставите во нив топлата смеса. На крајот, украсете со цимет.