Кога целото семејство викендов ќе се собере околу трпезата, ред е да го изненадите со посебно приготвени јадења.Затоа ви предлагаме два рецепти, кои се вистинско уживање за гурманите.Пробајте ги и ќе се уверите.
Потреби состојки: 1кг мешано месо(јагнешко, телешко и свинско), 250 гр.моркови, 500гр.домати, 500 гр.пиперки, 500гр.кромид, 1 кг.компири, 2-3 модри домати, 40гр.бамји, 1 тиквичка, масло, сол, бибер, блага мелена пиперка за зачинување.
Начин на приготвување:
Месото исечете го на парчиња, измијте го и издинствувајте го во амсло.Целиот зеленчук исчистете го, исечете го на парчиња и додадете го на диснствуваното месо.Додајте бибер во зрно и мелената пиперка, добро измешајте, ставете го во земјен сад, додадете малку вода.
Ставете го во релна.Кога јадењето ќе биде на пола готово, додадете ги исчистените и на коцки исечкани компири.
Имајте добар апетит!
Потребни состојки: 1кг јунешко месо, 5 големи главички кромид, 2-3 лажици брашно, 100мл.масло, ловоров лист, бибер, суви зачини, сол и 200 мл.пиво
Начин на приготвување:
Измиеното месо исечете го на коцкички, извалкајте го во брашно и испржете го во врело масло.Додадете го исечканиот кромид и продолжете со нивно пржење заедно.Потоа, додадете ги сувите зачини, солта, биберот и ловоровиот лист, па прелијте ги со пиво.Прелијте со вода и оставете го јадењето да се крчка на ниска температура додека не омекне.
Гулашот служете го со варен компир или варени тестенини.
Уживајте во јадењето со апетит!