Генерално чистење на кејот на реката Вардар

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ започнаа акција за генерално чистење на кејот на реката Вардар.

-За време на изминатиов викенд, активностите се одвиваа на потегот од Камениот мост на плоштадот Македонија до пешачкиот мост во непосредна близина на Владата, каде што беше извршено подигнување на ситните отпадоци, отстранување на непотребното зеленило со помош на тример и рачно метење, информираат од „Комунална хигиена“.

Акцијата ќе продолжи и во текот на претстојните денови, кога ќе биде опфатен реонот од спротивната страна на Кејот, под Скопското Кале.