Комунална Хигиена Скопје се правда: Не е во цело Скопје ситуацијата таква!

Од „Комунална Хигиена-Скопје“ со реакција по написите дека главниот град тоне во ѓубре! Велат дека целосната ситуација не е таква во целиот град како што се тврди во текстот.

Демант од ЈП Комунална Хигиена Скопје на објава на СкојеИнфо.мк со фотографија со наслов „Го уништивте СК! До кога вака?“

- На ден 15.03,2024 на вашиот кориснички налог СкопјеИнфо.мк на социјалната мрежа Инстаграм имате напишано „ГО УНИШТИВТЕ СК!ДО КОГА ВАКА““ и под фотографијата напишан текст со лажна и навредлива содржина.

Јавното претпријатие Комунална Хигиена Скопје најостро ги демантираат изречените наводи и дезинформации од дадената објава.

Дадената објава е базирана на невистинити, неточни и непроверени факти кои се дури и спротивни на сите етички кодеки на прпфесионалното известување во новинарство, од каде што може да се изнесат само невистинити и лажни тврдења. Овие тврдења имаат за цел ширење на лаги со кои се манипулира јавноста и свесно да се шират невистини. Од објавеното може да се заклучи дека фотографијата не датира од актуелниот временски период како и дека целосната ситуација не е таква во целиот град како што се тврди во текстот. 

Од прикачените фотографии кои имаат многу подобра и повисока резолуција од објавената фотографија во објавата каде и јасно се гледа дека екипите на ЈП Комунална хигиена дежураат на терен и си ја вршат својата работа. Вистинската слика е дека Градот Скопје има почиста слика со повеќе исчистен отпад и испразнети контејнери, чисти улици. А, што се однесува до посетеноста на туристи во последниов период Градот Скопје е доста посетен од туристи, во голем дел се странски држвјани.