„Комунална хигиена“ со „лекција“ и екопредавања на средношколците од „Здравко Цветковски“

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска започна со екопредавањата и работилниците што во учебната 2023/2024 година ќе се реализираат во средните и основните училишта, како и во градинките на територијата на градот Скопје.

Екопредавањата се одржаа во СУГС „Здравко Цветковски“, со учество на сто ученици од првите години што наставата ја следат на македонски и на албански јазик.

Учениците имаа можност да се запознаат со активностите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и беа едуцирани како правилно да го одлагаат својот комунален отпад, кои се придобивките од примарната селекција на отпадот, како и штетните последици од создавањето диви депонии што директно ја загадуваат животната околина и го загрозуваат јавното здравје.

Воедно, во текот на денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведоа акција за генерално чистење на дворот на училиштето, во чиишто рамки беа подигнати и транспортирани приближно десет кубни метри кабаст и електронски отпад.