ЕСМ: Активно работиме на цевководот на мостот Беласица, парно ќе има за сите скопјани

Од ЕСМ велат дека активно работат на решение за проблемот со цевководот кај мостот Беласица, кој е од суштинска важност за парното греење во Скопје.

- Успешно беа отстранети оштетените цевки и донесени се нови. Бидејќи мостот е под надлежност на Град Скопје, АД ЕСМ е во постојана комуникација со нив, каде се бара заедничко решение за санирање на овој проблем. Поставувањето на новите цевки е комплексна активност и бара сериозна посветеност и работа и ќе се вложат максимални напори за санацијата да заврши во најкус можен рок. Додека траат активностите за поставувањето на новите цевки ќе се користи алтернативниот вод на железничкиот мост кој има капацитет да се врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите“ соопштија од компанијата.

Оттаму уверуваат дека цевководот ќе биде целосно функционален и согласно законската обврска на 15 октомври, ќе се обезбеди непрекинато парно греење за граѓаните на Скопје.