Четврто прскање против ларви од комарци во Скопје

Градот Скопје ги информира граѓаните дека во среда (09.08.2023 година), ќе се реализира четвртата фаза од дезинсекцијата на подрачјето на градот Скопје против лаври од комарци.

- Авионската дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 09.08.2023 (среда), во раните утрински часови, додека терестричната дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 09.08.2023 (среда), во текот на денот, соопшти Град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.