Да постоеја диносауруси и мамути досега ќе испоцркаа, а не комарци - Утре се прска по четврти пат

Иако се прска против комарци, скопјани реагираат дека овие инсекти и натаму ги има во вечерните часови, па така, како што велат,  прошетките на воздух им се претвораат во кошмари. 

За утре е планирана четвртата фаза од дезинсекцијата на подрачјето на градот Скопје против лаври од комарци.

- Авионската дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 09.08.2023 (среда), во раните утрински часови, додека терестричната дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 09.08.2023 (среда), во текот на денот, соопшти Град Скопје. 

Граѓаните револтирани. Велат ваквото прскање како да нема ефект, но и се шегуваат на сметка на „летните комарци“.

- Со што се прска, па нема ефект? И дали се прска против или за размножување на комарци, реагира еден скопјанец. 

-Слаби ли се препаратите за прскање не знам, но нема никаков ефект и понеколку прскања, вели друг. 

- Абе да постоеја диносауруси и мамути досега ќе испоцркаа, а не комарци. Се прска по четврти пат. 

-Еј ај наредна година не прскајте ич, па да видиме како ќе биде, вака како прихрана да им давате, како стимулатори за размножување да им давате, а не да ги уништи ...

-Не отрувте веќе со прскањево, како немате малку осет и загриженост колку отрови внесуваме, плус тоа секое прскање го вршите почнувајќи во 6.30 часот и го вршите во период кога луѓето одат на работа. Никогаш прскањето не се вршело толку доцна, отровот ни паѓа директно на глава додека одиме по улица или чекаме автобус, порано тоа се вршеше во 4ч наутро, а не како сега. Нас не прскате и не труете, а не комарците.

-Ова што го прскате не ги убива тигрестите комарци, тие напаѓаат само дење и се многу агресивни. Сменете препарати, прашајте со што ги прскаат во Азија од каде што им е потеклото. Кај нас се појавени 2016год и се уште немате решение, напротив се котат се повеќе.