Градот Скопје информира дека на 27 и 28 јули (четврток и петок), во раните утрински часови, ќе се реализира четвртата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот.
- Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини, соопшти Град Скопје.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.