Терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од 10 до 14 јули (од понеделник до петок) во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, ќе се реализира третата фаза од терестрична дезинсекција на подрачјето на градот против возрасни форми на комарци.

- Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини, информираат од Град Скопје.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.