Арсовска: Доста ги манипулирвате скопјани, мостот „Беласица“ е целосно безбеден

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска уште еднаш упати апел до институциите, потенцирајќи дека е време да се стави стоп на манипулациите со граѓаните на Скопје, уверувајќи дека мостот „Беласица“ е целосно безбеден за сообраќај.

- Жал ми е што личности од институциите пласираа дезинформации и манипулации за мостот Беласица. Во Македонија постојат закони кои мораат да се почитуваат и важат и за институциите, вели градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, истакнувајќи дека мостот Беласица имал минорни оштетувања, а денес е целосно безбеден за сите учесници во сообраќајот.