Животни лаги во кои треба да престанеме да веруваме

Во животот се среќаваме со разноразни идеи за тоа што е правилно, а што погрешно. Некои од нив ги слушаме толку често, што почнуваме да ги прифаќаме како вистинити. Но, тие можат да нѐ спречат во нашата потрага по среќен живот. Отворете ги очите и дознајте кои се тие 10 големи животни лаги во кои мораме да престанеме да веруваме:

Да бидеш сам значи дека си осамен

Ако си сам, не значи дека секогаш ќе бидеш и осамен, исто како што да бидеш во врска не значи дека секогаш ќе бидеш среќен. Кога човек е сам, никогаш нема да се чувствува толку осамено како што може да се чувствува кога е во погрешна врска. Ако почувствувате дека нешто не е во ред, застанете и поминете некое време со најважната личност во вашиот живот: себеси. Прво пронајдете се себеси. Научете да ја цените сопствената вредност и ако се најдете во врска која ве влече на дното, ќе знаете како да се вратите на сигурно.

Среќата доаѓа кога ќе добиеш сѐ што сакаш

Да бидете среќни не значи дека не сакате да имате повеќе во животот. Тоа значи дека сте благодарни на она што го имате и дека трпеливо чекате на она што допрво ќе дојде. Понекогаш толку се фокусираме на обидите да постигнеме нешто големо, што не успеваме да ги забележиме малите работи кои животот го прават магичен. Затоа ценете го секој момент и живејте со полни гради. Живејте ги добрите времиња кои еден ден ќе ви недостигаат.

Болката е нешто што можеш да го видиш

Никогаш не потценувајте нечија болка, затоа што секој човек се бори со нешто. Некои го кријат тоа подобро од другите. Не знаете што се случува зад затворени врати. Осудувањето на другите луѓе е трошење време и енергија. Ако имате време да им судите на другите, имате премногу слободно време. Почнете да правите нешто корисно со своето време. 

Животот треба да се живее на одреден начин

Ослободете се од претпоставките околу тоа како треба да изгледа вашиот живот и прифатете го реалниот живот кој се обидува да го пронајде својот пат во вашата свест. Променете го она што може да се промени, промените ги своите мисли околу она што не можете да го промените и продолжете понатаму со мир во душата.

Вие мора да се однесувате на одреден начин 

Кога ќе престанете да се споредувате со други замислени верзии на себе, кога ќе престанете да се споредувате со другите, ќе вкусите мир кој е реален, а не замислен.

Само неколку привилегирани можат да имаат прекрасен живот

Ако секое утро се будите со помислата дека тоа ќе биде убав ден, ако секое попладне наоѓате причина да мислите дека денот е убав, тогаш еден ден ќе се свртите назад и ќе си кажете: „Да живеев, убав живот.“

Тешките времиња се непотребни

Понекогаш работите мора да отидат во погрешен правец пред да тргнат да се движат во вистинска насока. Понекогаш мора да се ослободите од погрешните луѓе за вистинските луѓе да можат да влезат. Понекогаш мора да се чувствувате слаби за да знаете како е навистина да бидете силни. Понекогаш мора да се чувствувате малку скршено, за да сфатите дека никогаш нема целосно да бидете скршени. Понекогаш мора да запознаете многу луѓе кои ви се допаѓаат пред да запознаете личност која ќе ја сакате. Понекогаш морате во лошото да го препознаете доброто т.е да знаете дека тоа е вредна животна лекција. 

Да бидеш силен значи да не чувствуваш болка

Во реалноста, најсилни се луѓето кои чувствуваат болка. Прифатете ја болката, учите од неа и одболувајте ја. Земете одмор од сѐ, пуштете по некоја солза, истресете ја прашината од себеси, а потоа вратете се во „рингот“, борејќи се како никогаш претходно.

Сѐ може да се одглуми

Чувствувате ја љубовта пред да кажете: „Те сакам“. Почувствувајте благодарност пред да кажете „Благодарам“. Почувствувајте каење пред да кажете „Жал ми е“. Кога ќе ги почувствувате работите пред да ги кажете, потребно се многу помалку зборови кои ќе допрат директно до срцето на другата страна. 

Сонувањето е губење време 

Најголемиот подарок е оној кој е невидлив за очите, а тоа е срце кое длабоко чувствува. Она што можеме да го видиме обично е само дел од она што е возможно. Фантазијата е визија која ни овозможува да го видиме она што е важно, а невидливо за очите. Некаде нешто неверојатно чека да биде откриено, само мора да имате големи соништа за да го откриете тоа.