Кои се најчестите женски лаги?

Кога последен пат сте излажале некого? Сите ние лажеме, некои поретко, некои почесто, а одредени лаги ги кажуваме почесто отколку некои други. Денес ви ги пренесуваме најчестите женски лаги, особено кога се во врска.

1. Одамна ја имам оваа чанта

Најчестата женска лага е дека нешто чинело помалку или дека е купено одамна. Оваа лага најчесто ја кажуваме на патнерот затоа што не сакаме да се препираме околу вредноста на нешто коешто навистина сме сакале да го имаме. Без оглед на тоа што трошиме сопствени пари и ги празниме сопствените картички, кога ја изговараме оваа лага најчесто се оправдуваме пред самите себе.

2. Добро сум! Не ми е ништо!

Признаваме, со нас секогаш има нешто. Нешто анализираме, нешто не мачи, имаме некоја дилема или сакаме внимание. Женскиот мозок работи како најбрз процесор и исто како да имаме истовремено отворено 200 табови во пребарувачот.

3. Досега сум имала три партнери

Кога се броеви во прашање, не ги сакаме многу. Партнерите ги броиме максимум до 4. Таа скромна бројка најмногу е поврзана со фактот дека се уште сме конзервативно и патријахално општество во коешто пожелно е жените да имаат помалку партнери и се осудуваат ако имаат повеќе. 

4. Ме боли главата

А кога имаме партнери често не боли главата. Можеби тој изгледа како Аполон, но таблетата за таа главоболка се уште не е смислена. Но, тоа не значи дека нам тој не ни се допаѓа, само едноставно не ни е дојдено до тоа во моментот. 

5. Еве, идам натаму (а се уште не е ни излезена од дома)

Не сме виновни! Стрелките на часовникот едноставно се против нас!

6. Не сум љубоморна

Можеби и не сме, но најчесто само глумиме дека не сме. Но, ако нема баш ниту тронка љубомора, можеби и не и е баш толку грижа.